Open municipalities index
Преку оваа димензија се мери степенот до кој буџетските процеси, од подготовка преку прифаќање па до имплементација, се познати до јавноста. Во прашалникот има прашања поврзани со објавувањето и пристапноста на следните документи: Буџетски календар, Предлог план за програми за развој, Предлог буџетот на општината, Буџетот на општината, Ребалансот на буџетот, Граѓанскиот буџет како и активностите на општината на социјални мрежи поврзани со буџетскиот процес.
Вклученоста ги опишува начините преку кои граѓаните, и посебно маргинализираните групи, се вклучуваат во буџетскиот процес. Поточно, дали им е дозволено на овие групи да го искажат своето мислење за локалниот буџет и дали нивниот глас е слушнат. Праведноста истражува каква е репрезентацијата на маргинализираните групи во различните фази од буџетскиот процес. Во прашалникот се дефинирани прашања кои се однесуваат на активности поврзани со користење на социјални мрежи, јавни трибини, анкети за јавно мислење за добивање на предлози од граѓаните и начините кои општината ги употребува за помагање на маргинализираните групи.
Оваа димензија го вреднува објавувањето на резултатите од работата на локалните власти и на целиот буџетски процес до граѓаните. Во неа се опфатени прашања поврзани со Завршната сметка на буџетот на општината, извештаите за квартално извршување на буџетот, ревизорските извештаи и објавување и реализирање на одредени програми за финансирање.
Индексот на отворени општини има за цел да не запознае со активностите кои ги спроведуваат општините во Република Северна Македонија за воспоставување на транспарентен, инклузивен, праведен и одговорен буџетски процес.
Индексот на отворени општини се определува од податоците добиени од прашалник доставен до општините кој опфаќа прашања и документи кои биле објавени и настани кои биле спроведени во текот на една календарска година.
Прашалникот се состои од три делови, кои соодветно, ги претставуваат димензиите на отвореност на една општина.